ФИФА ги казни ФС на Србија, ФС на Хрватска и ФС на Саудиска Арабија. Хрватите се казнети со 50,000 швајцарски франци поради однесувањето на дел од навивачите на мечот против Канада во групната фаза. Поточно за навредите упатени кон канадскиот голман Милан Борјан.
Србија е казнета со 20.000 франци поради мапата на Косово во боите на српското знаме и натписот „Нема предавање“ во соблекувалната по мечот со Бразил.
ФС на С.Арабија доби две парични казни од по 15.000 франци поради недолично однесување на играчите кои заработија шест жолти картони на мечевите против Аргентина и Мексико.