Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе им суди на Скопје и Струга ТЛ, Трпчевски “главен“ на скопското дерби

496

 

Во недела се играат сите натпревари од 18.воедно и последно коло од есенската полусезона. Познати се и судиите за овие мечеви. Па така Александар Ставрев (Скопје) ќе суди на Автокоманда каде се среќаваат Скопје и есенскиот шампион Струга ТЛ. На скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски (Кавадарци).

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 18.КОЛО – НЕДЕЛА (13 Ч)

Скопје – Струга ТЛ: Александар Ставрев (Скопје)

А. Пандев – Тиквеш: Игор Стојчевски (Скопје)

Силекс – Македонија ЃП: Александар Грујоски (Кичево)

Работнички – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Брегалница – Победа: Јован Качевски (Струга)

ШКЕНДИЈА (СЛОБОДНА)

ПретходноСрбите казнети за знамето, а Хрватите поради вреѓање на Борјан
СледноСудии за ВМФЛ: Младеновски ќе му суди на Пелистер во Македонска Каменица