Кој клуб ги има најдобрите стрелци на Мундијалот? Одговорот е едноставен и лесен…

218

Во пресрет на мечевите од четвртфиналето на СП во Катар, вреди да се обидеме да го дадеме одговорот на прашањето кој клуб во светот ги има засега најдобрите стрелци на Мундијалот?

Одговорот е едноставен и лесен… а тоа е ПСЖ.

Досега играчите од овој клуб во Катар постигнале вкупно 10 голови. Мбапе со пет, Меси со три, Нејмар и Шпанецот Солер по еден.

На второ место е Барселона со осум.

Во продолжение можете да ја видите табелата.

ПСЖ – 10, Барселона – 8, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед – 6, Милан, Тотенхем – 5, А. Мадрид, Ајакс, Бенфика, Фенербахче-4 голови…

 

ПретходноФантастично: Што ли прави Перишиќ!? (ВИДЕО)
СледноВидео кое јасно покажува колку на Меси му значи овој Мундијал! (ВИДЕО)