Реал Мадрид договори напаѓач за најмалку 60 милиони евра

162

 Еден од најголемите светски таленти во моментов, најголемиот во Бразил секако, членот на Палмеирас, Ендрик, сигурно ќе се пресели во Реал Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо. Според него, пред неколку часа бил постигнат целосен договор меѓу двата клуба, самиот играч и неговото семејство. Европскиот шампион ќе плати 60 милиони евра, а уште 12 милиони се вклучени во договорот како бонуси. Се очекува многу брзо договорот да биде официјализиран во писмена форма.

Ендрик има само 16 години и игра на позицијата напаѓач. Сепак, тој нема да пристигне на Бернабеу додека не наполни 18 години во летото 2024 година.

Фудбалерот е висок 173 сантиметри и е јуниорски репрезентативец на Бразил, каде веќе има четири гола на пет натпревари. Момчето од неодамна има професионален договор и со Палмеирас со три гола на седум натпревари.

 

 

ПретходноПотврдено големо засилување за Англија пред Франција!
СледноФК Вардар: Не ни ги одобрија другите терени, па одбравме во Маџари во петок