Англија има план за Мбапе: Саутгејт подготви тактика која беше успешна против Меси!

198

Англија во сабота игра против Франција во четвртфиналето на Светското првенство, ова ќе биде последен меч од оваа фаза на Мундијалот, но и најголемо дерби на рундата. Герет Саутгејт со својот тим подготвил посебен план за Килијан Мбапе.

Англиските медиуми тврдат дека ќе ја искористат истата тактика која Челзи ја имаше во полуфиналето во Лигата на шампиони во сезоната 2011/12 против Барселона. Идејата е да постават брз играч во нападот на истата страна на која е Мбапе. На овој начин ќе го натераат Килијан да обрнува повеќе внимание на дефанзивната задача, а не само на офазивната. Оваа тактика ја смисли помошникот Стив Холанд кој беше во Челзи баш на твој двомеч.

Тогаш англискиот тим помина понатаму на првиот дуел славеше со 1-0, додека на вториот беше нерешено 2-2. Челзи ја освои титулата, славеше против Баерн во финалето.

„Постојат мал број на играчи на планетата на кои морате да посветите посебно внимание. Меси е еден од нив, а во истата категорија влегува и Мбапе. Мораме да го спречиме да има премногу простор, знаеме колку е брз и што умее. Секако истовремено мораме да најдеме баланс и да најдеме начин како да го сопреме Мбапе и да ги искористиме маните на Франција“, изјави Холанд.

ПретходноМурињо сака бесплатно да го доведе Лука Модриќ!
СледноГотово е: Шпанија му врачи отказ на Луис Енрике!