Поделбата на кланови била една од главните причини за колапсот на Германија на Светското првенство во Катар. Тиражниот венсик „Билд“ пишува дека селкторот Ханси Флик ги толерирал играчите на својот поранешен клуб Баерн (М), а тоа сериозно ги иритирало останатите играчи.
Проблемите започнале пред мечот со Јапонија кога Мануел Нојер и Леон Горецка инсистирале целата екипа да позира со затворена уста за официјалната фотографија на тимот во знак на протест поради забраната на ФИФА за користење на капитенската лента „One Love“. Повеќето од другите фудбалери биле против ваквото смешно однесување.
Во текот на натпреварот, многу играчи биле изненадени и од одлуката на Флик да го замени Илкај Гундоган со Горецка. Марк-Андре тер Штеген и Каи Хаверц исто така не биле задоволни од нивната улога како резерви. Особено лут беше голманот на Барселона, кој не одигра ниту една минута на првенството.
„Билд“ исто така прецизира дека играчите никако не можеле да разберат како Никлас Зиле има стартно место во репрезентацијата, кога беше убедливо најслаб на теренот, а резервните стопери Нико Шлотербек и Матијас Гинтер ја греат клупата.