Поразот од Мароко, падна првата жртва и во шпснакста фудбалска репрезентација. Она што веќе неколку дена се најавуваше, по фијаското на Светското првенство во Катар 2022, Луис Енрике повеќе не е селектор на „црвената фурија“.
„Шпанската федерација сака да му се заблагодари на Луис Енрике и на целиот негов стручен штаб за работата на чело на репрезентација во последните години. И претседателот Луис Рубиалес и спортскиот директор Хозе Франциско Молина му ја пренесоа на селекторот донесена одлука“, се вели во соопштението на Шпанската федерација.
Веќе од денеска Шпанците почнуваат во потрага по нов селектор.
🔴 OFICIAL | La @RFEF agradece a @LUISENRIQUE21 su trabajo al frente de la @SEFutbol
🔗 https://t.co/6Cib6cpJ1l#GraciasLuisEnrique pic.twitter.com/wkAIMu2utd
— RFEF (@rfef) December 8, 2022