Играчот од средниот ред на Аргентина Анхел ди Марија ги откри причините за заминувањето од Манчестер Јунајтед во 2015 година. Тоа го направил поради менаџерот Луис Ван Гал од кого постојано добивал критики, па дури и кога ќе одиграл добар меч. Сега Ван Гал е холандски селектор, а еден против друг ќе се соочат во четвртфиналето на СП во Катар.
„Нашиот однос ‘пукна’, очајно сакав да го напуштам Манчестер Јунајтед. Менаџментот го знаеше мојот проблем со Луис Ван Гал. Се сеќавам на еден меч победивме 3:0, јас дадов гол и асистирав, а следниот ден тој ме повика во канцеларија и ми покажа видео од секое мое неуспешно додавање. Ме стави на клупата следниот меч. Не сакаше фудбалерите да се над него. Дефинитивно најлошиот тренер во мојата кариера“, го цитира Аргентинецот порталот TyC Sports.
На тоа одговори и холандскиот селектор:
„Тренерот понекогаш мора да носи одлуки кои не се секогаш пријатни за секого. Но, верувајте ми, тренерот не прави ништо без причина“.
71-годишниот тренер потоа го даде примерот за неговиот однос со Мемфис Депај.
“Во Манчестер не го земав Мемфис за финалето на ФА Купот. А, погледнете како се однесуваме сега еден со друг. Сега се бакнуваме во уста. Да, така е во фудбалот“, се пошегува Ван Гал.
Мемфис почна да се смее на тоа, а Ван Гал додаде.
„Штета што Мемфис повеќе не сака бакнежи во уста, но тоа исто така е и добра работа…“.
Louis van Gaal: “Di Maria called me the worst manager he has ever had? He’s one of the few players with this opinion. I’m really sorry about this and I find it sad he said this. Memphis had to deal with it too at Manchester United, and now we kiss each other on the mouth.” #MUFC pic.twitter.com/EL2MYm43Lw
— mufcmpb (@mufcMPB) December 8, 2022
“AND NOW WE KISS ON THE MOUTH” 🇳🇱 Dutch manager Louis Van Gaal continues to win hearts and minds at the World Cup, this time offering to kiss Memphis Depay on the mouth to make up for their time together at Man United. pic.twitter.com/no8cwLkVkG
— Men in Blazers (@MenInBlazers) December 8, 2022