Додека 62 милиони Бразилци гладуваат, репрезентативците јадат стекови од 1.650 евра! (ВИДЕО)

5598

Дека Бразил е прв фаворит за титулата на СП во Катар тука нема дилеми, дека Бразил со своите игри ги разгали своите фанови и за тоа нема дилеми, но сепак некои работи, барем според медиумите во таа земја, не можат да се премолчат.

Имено дел од репрезентативците на Бразил заедно со вистинскиот Роналдо, го посетиле во Доха ресторанот на славниот готвач Нусрет Гокчу. Познато е дека Нусрет знае да подготвува специјалн парчиња месо или стекови кои потоа ги покрива со 24-каратно злато а едно парче чини 1.650 евра.

Па така откако во Бразил се дозна за оваа вечера веднаш следуваа критиките.

Винициус, Милитао, Роналдо и останатите треба да знаат дека додека тие се фалат со тоа дека вечераат кај славниот Нусрет најмалку 62 милиони Бразилци гладуваат“... се дел од критиките на јавноста во Бразил.

ПретходноИнфантино: ДВЕ милијарди луѓе досега го гледаа СП во Катар, сигурен сум дека ќе бидат ПЕТ
СледноБарса го доби дербито со Алборг, Перес де Варгас во елемент (ВИДЕО)