Енрике нема да „преживее“: Шпанците најдоа нов селектор

299

Селекторот на Шпанија Луис Енрике ќе поднесе оставка во следните 48 часа, пишуваат шпанските медиуми. Вчера и авторитетната „Марка“ објави информација дека сите во Шпанската федерација ја очекуваат оставката на селекторот кој не успеа да ја мине осминафиналната рунда на СП во Катар.

Договорот на стратегот истекува на крајот на месецот, но тој веќе одлучи да ја напушти функцијата откако Шпанците не успеаја и на овој Мундијал.

Главен фаворит да ја води „Црвената фурија“ е Луис де ла Фуенте, кој моментално работи со младинската репрезентација на оваа земја. Поранешниот дефанзивец на Атлетик Билбао, Севиља и Алавес ја предводеше Олимписката репрезентација на Шпанија до сребрените медали на Игрите во Јапонија минатата година

ПретходноМиовски: Подобро да освојам трофеј со Абердин, отколку да бидам најдобар стрелец
СледноНа повидок скандал: Репрезентативци на Камерун платиле за да играат на СП во Катар?!