Инфантино: ДВЕ милијарди луѓе досега го гледаа СП во Катар, сигурен сум дека ќе бидат ПЕТ

114

Натпреварите од Светското првенство во Катар досега ги проследиле нешто повеќе од две милијарди луѓе, објави првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.

СП 2022 го гледаа рекорден број на гледачи пред телевизиските екрани. Се работи за бројка поголема од две милијарди што е инзвонредно. Се надевам дека СП ќе продолжи и ќе заврши како што почна – успешно. Уверен сум дека бројката ќе стигне до пет милијарди по завршувањето на финалето.

Ако зборуваме за присуството на стадионите, речиси на секој меч стадионите беа полни. Фан зоните, фестивалите исто така беа полни со луѓе кои го сакаат фудбалот и уживаат во животот. На крај целта е да донесеме радост и насмевки кај луѓето од цел свет. Затоа е фудбалот, затоа постои СП“, изјави Инфантино кој додаде дека натпреварите од групната фаза на овој Мундијал биле највозбудливите во историјата.

ПретходноМодриќ пред дуелот со Бразил: Не се задоволуваме со четвртфинале
СледноДодека 62 милиони Бразилци гладуваат, репрезентативците јадат стекови од 1.650 евра! (ВИДЕО)