Кожув се раздели со Михајловски, Работнички остана без еден Американец

303

Пред стартот на деветото коло во Првата лига дојде до промени во неколку клубови. По Ајви кој си замина од МЗТ Скопје, дојде до тренерска смена во редовите на Кожув. Во продолжение на сезоната нема да го гледаме Игор Михајловски, раководството на клубот одлучи да ја раскине соработката со младиот тренер.

Кожув е во втората половина на табелата во Првата лига со скор од три победи и пет порази.

Работнички пак во составот ќе го нема Ерик Крафорд, еден од шестмината странци во редовите на најтрофејниот кошаркарски колектив.

ПретходноПрвиот човек на ФФ на Франција: Никогаш не сум му се јавил на Зидан, сакам Дешамп да остане
СледноВеспрем се истури врз Висла, ППД Загреб со бод од Букурешт