Многу, премногу прашина се крена околу моменталниот статус на Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија на Мундијалот о Катар.
Португалците одлично одиграа против Швајцарија, во 1/8 финалето се пласираа во следната фаза, но со Кристијано Роналдо како резерва. Следуваа лавина од шпекулации како на пример дека Роналдо нема намера да биде веќе резерва, дека е на „нож“ со селекторот Сантош, дека веќе се пакува и го напушта репрезентативниот камп и дека си оди од Катар.
По ова мораше да реагира самиот Португалски сојуз со официјално соопштение.
„Вестите кои беа објавени, а се однесуваат на нашиот капитен Кристијано Роналдо и неговиот однос со Фернандо Сантош, мораме да излеземе со следново соопштение. Фудбалскиот сојуз на Португалија сака да објави официјално дека нашиот капитен Кристијано Роналдо немал намера да го напушти репрезентативниот камп и е целосно посветен на мечевите кои следуваат“ – беше објавено во соопшението.
Конечно, за да дефинитивно оваа сага заврши, самиот Кристијано Роналдо објави на социјалните мрежи мотивирачка порака со која става крај на сите шпекулации.
„Тимот е премногу обединет, за да биде разбиен од надворешна сила. НАцијата е премногу храбра за да се исполаши од некој противник. Тим во вистинска смисла на зборот кој секогаш ќе се бори до крај. Верувајте ни. Само напред Португалија„ – напиша Роналдо.
View this post on Instagram