Лемго го победи Вецлар на Миркуловски без помошта на Ристовски

113

Македонското дерби во Бундес-лигата меѓу Борко Ристовски и Филип Миркуловски заврши во корист на првиот. Лемго им се врати на победите по поразот од Магдебург во минатото коло, на домашен терен го совлада Вецлар со 34-29 во рамките на 16 коло.

Гостите предводени од Миркуловски посериозно се заканија во првото полувреме, во првата половина имаа позитива од два гола, по што домаќинот пред одморот успеа да дојде до водство од два гола (16-14).

Во продолжение не дојде до промени, Лемго го наметна своето темпо, без проблем ги потврди бодовите и петтиот триумф оваа сезона. На другата страна за Вецлар ова беше 11 пораз, втор во низа.

Борко Ристовски кој од скоро време дојде во редовите на Бундес-лигашот не беше на мрежата кај победникот.

ПретходноВеспрем се истури врз Висла, ППД Загреб со бод од Букурешт
СледноСпектакл во Арената: И Митровиќ во ритам со “гробарите“! (ВИДЕО)