Модриќ пред дуелот со Бразил: Не се задоволуваме со четвртфинале

402

Капитенот на Хрватска Лука Модриќ истакна дека неговата селекција нема да се задоволи со пласманот во четвртфиналето иако и ова е голем резултат. Бразилските медиуми пишуваат дека дуелот ќе биде простување на Лука од Мундијалот, но хрватскиот фудбалер не верува дека нивната приказна е завршена.

Направивме голем резултат со пласманот во четвртфиналето, меѓутоа сакаме уште. Пред нас е најголемиот меч на турнирот. Тие се меѓу главните фаворити. Мораме да бидеме силни, мораме да дадеме максимум како што дававме до сега. Не се задоволуваме со четвртфинале. Имаме сила, веруваме во себе и така ќе се поставиме на теренот.

Неколку пати сум играл против Бразил но се уште не сме го победиле. Се надевам дека традицијата ќе се промени. Бразил има фантастични играчи на секоја позиција, ќе треба да бидеме агресивни и тркачки на високо ниво. Не смееме да им дозволиме да се разиграат“, додаде Модриќ.

Според сите анализи и предвидувања Бразил е фаворит за титулата, но Модриќ не се замара со тоа.

Не се занимаваме со статистики и анализи, фокусирани сме на нас. Нормално дека сите му даваат шанси на Бразил, но повеќе пати покажавме дека не победуваат секогаш фаворитите. Ги почитуваме, а веруваме и во себе и за нашата способност“.

ПретходноСпектакл во Арената: И Митровиќ во ритам со “гробарите“! (ВИДЕО)
СледноИнфантино: ДВЕ милијарди луѓе досега го гледаа СП во Катар, сигурен сум дека ќе бидат ПЕТ