Италијанските медиуми денеска објавија дека Рома веќе почнала да планира да го доведе Лука Модриќ за следното лето. Се зборува дека Жозе Мурињо инсистира за хрватскиот репрезентативец, кого добро го познава бидејќи заедно соработуваа во Реал, каде што го доведе од Тотенхем за 33 милиони евра.
Овој пат Модриќ и Мурињо би можеле да се најдат во ист клуб, наредното лето на хрватскиот играч за врска му истекува договорот со Реал Мадрид. Истиот медиум тврди дека Модриќ не би имал ништо против повторно да игра под водство на Мурињо, но и дека голема пречка за оваа работа е платата која Модриќ ја има во Реал.
Доколку 37-годишниот капитен на хрватската репрезентација би се откажал од голем дел од таа плата, која е околу 10 милиони евра годишна нето плата, работата би можела да се договори уште во јануари, штом Модриќ влезе во последната половина година од неговиот договор.