Непосредно пред осминафиналето со Сенегал стигна веста дека Рахим Стерлинг итно се вратил дома и ја напуштил репрезентацијата на Англијa, откако во неговата куќа во Лондон се случил голем грабеж.
Наводно, роднините на Стерлинг биле таму во моментот на кражбата. Во тек е истрага за инцидентот што ја потресе англиската ѕвезда и неговото семејство.
Стерлинг го пропушти мечот со Сенегал, беше прашање дали ќе се врати во Катар. Сепак, тој пристигнува денеска за да се стави на располагање на селекторот Герет Саутгејт и на нацијата за важниот дуел со Французите.
Англија во сабота игра против Франција во четвртфиналето на Светското првенство, па во вистински време доби засилување во нападот.
Raheem Sterling will return to England’s @FIFAWorldCup base in Qatar.
The #ThreeLions forward temporarily left to attend to a family matter but is now expected to rejoin the squad in Al Wakrah tomorrow ahead of the quarter-final with France. pic.twitter.com/3bxzAVP3cQ
— England (@England) December 8, 2022