ФК Вардар: Не ни ги одобрија другите терени, па одбравме во Маџари во петок

987

Натпреварот од Втората македонска лига помеѓу Вардар и Кожуф ќе се одигра во петок на стадионот во Маџари од 13:00 часот. Од ФК Вардар излегоа со соопштение после реакцијата на навивачката група Комити кои одлучија да не присуствуваат на последното коло.

Одлучивме да не присуствуваме на последното коло, кое според изменетиот распоред треба да се одигра во петок (9.12.2022) со почеток од 13:00ч. Нека видат како е пред празни трибини, тие што ставаат глупи термини!“, беше реакцијата на Комити.

Од ФК Вардар објаснија зошто се одлучиле за петок.

ФК Вардар ги известува своите навивачи и приврзаници дека терминот за натпреварот во рамките на 15-тото коло од ВМФЛ против екипата на Кожуф (утре, петок 9 декември од 13 часот на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари во Скопје) се должи на тоа што НЕ НАИДОВМЕ на одобрение за користење на терените во Скопје за време на викендот (Градски стадион, стадион на Македонија ЃП во населбата Ѓорче Петров, стадионот Железарница во населба Автокоманда, комплекс ФФМ и стадионот Борис Трајковски во населба Маџари, Скопје)

Од таа причина единствени термини кои ни беа на располагање беа петок и вторник, одлучувајќи се за утрешниот.

Уште еднаш ги повикуваме сите навивачи на нашиот клуб утре да ја дадат неопходната поддршка кон уште една победа и чекор поблиску до остварувањето на нашите цели.

 

ПретходноРеал Мадрид договори напаѓач за најмалку 60 милиони евра
СледноВан Гал: За Ди Марија сум најлошиот тренер на свет, прашајте го Мемфис, се бакнуваме во уста!