Веспрем се истури врз Висла, ППД Загреб со бод од Букурешт

98

По шокантниот пораз од ППД Загреб во минатото коло, Веспрем се истури врз Висла Плоцк. Унгарскиот вицепрвак лесно ја доби пресметката од деветото коло, на домашен терен славеше со 32-22. Оваа средба ракометарите на Веспрем ја решија во првото полувреме кое го добија со 17-9, па до крајот без проблем го привршија во своја корист.

Петар Ненадиќ со девет гола од 13 обиди беше незапирлив. Веспрем останува втор на табелата во групата А зад ПСЖ.

Во истата група, ППД Загреб на гостувањето кај Динамо Букурешт имаше шанса за нова победа, на крајот се чини ремито 27-27 беше најреален исход за двата тима. Дибиров постигна седум гола, пет имаше Чупиќ. На другата страна Акименко имаше шест погодоци. На овој дуел правдата ја делеа македонските судии Николов и Начевски.

По изедначената игра во првиот дел, кој романскиот тим го доби со 14-13, а ниту една од двете екипи немаше поголемо водство од два гола, ППД Загреб отвори моќно во следниот период. Со серија од 6-1 хрватскиот тим поведе со 15-19 во 40 минута, не искористи шанса оваа позитива да ја зголеми и повеќе.

Али Зеин го разбуди својот тим со две одбрани, па Динамо намали на 17-19. Сепак гостите не успеаја да ја задржат позитивата од трик гола, романскиот клуб дојде на минус еден 21-22 и ја продолжи неизвесноста. Дефинитивно „плинарите“ можеа поинаку да го решат овој меч, па стигна казна, противникот целосно се врати, поведе со 26-25 на пет минути до крајот. Долго време двата тима беа без погодок, по голот на ППД Загреб, Кукуќ беше прецизен за 27-26, Сиротиќ изедначи на 27-27. Ова беше конечниот резултат.

Во групата А, чудно но вистинито дојде до третата победа оваа сезона, откако го совлада Нант пред своите фанови со 37-33 и воедно му се одмазди за поразот на гостински терен.

ПретходноКожув се раздели со Михајловски, Работнички остана без еден Американец
СледноЛемго го победи Вецлар на Миркуловски без помошта на Ристовски