Ивановски елиминиран во 1. коло на ИТФ Фјучерсот во Трнава

333

Само неколку дена откако го освои ИТФ Фјучерсот во Мадрид, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, сега уште на стартот го заврши настапот на ИТФ турнирот во Трнава.

Синоќа во мечот од 1. коло Ивановски беше поразен од Чехот Неједли со 2:1 во сетови, иако го доби првиот сет со 7:5. Во следните два поискусниот чешки тенисер, 29-годишниоот Неједли стигна до 6:4, 6:3 и успеа да обезбеди пласман во 2. коло

ИТФ Фјучерсот во Трнава се игра за награден фонд од 15.000 долари.

ПретходноБританците шокирани: Забраната за настап на руски тенисери ги чини 2 милиони долари
СледноФонтеки погоди за победа на Јута, Феникс „демолиран“ од Бостон (ВИДЕО)