Македонските надежи за првпат ќе бидат дел од „Шпаркасе Купот“!

134

Македонската кадетска репрезентација која ова лето го освои ЕХФ шампионатот во Рига и притоа обезбеди пласман на следното Европски и Светско првенство, на крајот на оваа година ќе биде дел „Шпаркасе“ Купот.

За младите македонски надежи предводени од Раде Стојановиќ ова ќе биде прво учество на „Шпаркасен Купот“, кој ќе се одржи од 27 до 29 декември во Мерциг.

Домаќинот го објави распоредот и групите. Македонија ќе игра во групата Б каде се уште тимовите на Германија, Холандија и Австрија. Во групата А се најдоа селекциите на Осланд, Швајцарија, Египет и Сарланд.

На стартот на 27 декември Македонија ќе игра против Австрија, додека ден подоцна ја чекаат два меча, против Германија и против Холандија.

Последниот ден од Шпаркасе Купот е наменет за натпреварите за пласман.

ПретходноОчај: Со оваа управа на Вардар ЦРНО МУ СЕ ПИШУВА!
СледноПрвиот човек на ФФ на Франција: Никогаш не сум му се јавил на Зидан, сакам Дешамп да остане