Мегваер: Ние навистина веруваме дека може да бидеме светски шампиони

115

Дефанзивецот на Англија, Хари Мегваер, покажа самодоверба и изјави дека селекцијата на Англија е еден од главните претенденти за освојување на светската титула во Катар. Англичаните за противник во четвртфиналето на турнирот ја имаат селекцијата на актуелниот светски првак Франција.

„Мислам дека единственото нешто што е различно со тимот во 2018 година е тоа што во моментов навистина веруваме дека е можно да дојдеме до титулата“, вели капитенот на Манчестер Јунајтед.

„Во 2018 година бев и јас во тимот и стигнавме до полуфиналето. Мислам дека многу момци тогаш беа среќни. Што и да се случи во полуфиналето, си одиш дома како херој и сите те тапкаат по грбот. Мислам дека сега сите веруваме дека може да го освоиме овој турнир. Ова е добра промена во нашиот менталитет. Во исто време, знам колку ќе биде тешко. Има уште пет или шест екипи кои исто така веруваат дека можат да ја освојат титулата“, заклучи Мегваер.

ПретходноПознат е наследникот на Луис Енрике!
СледноТрагедија во Србија: Загина Миодраг Јешиќ