Првиот човек на ФФ на Франција: Никогаш не сум му се јавил на Зидан, сакам Дешамп да остане

273

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Гре зборуваше за можна смена на Дидие Дешамп и ангажман на Зинедин Зидан како селектор на репрезентацијата. За Зидан одамна се зборува дека тој ќе го наследи Дешамп по СП во Катар, но првиот човек на Федерацијата изјави дека никогаш не зборувал со Зидан за селекторската функција.

Сакам Дешамп да остане. Го имаме за селектор и мораме да му бидеме благодарни, а не да го избркаме. Ова го велам како претседател на ФФ на Франција, а не како пријател на Дешамп. Ако успее да ја помине Англија и се пласира во полуфиналето, тогаш одлуката е негова. Без разлика што пишува по медиумите, никогаш не сум му се јавил на Зидан во животот. Ниту некој од моите соработници го контактирале за селекторскта функција“, вели Ле Гре.

Во сабота ќе играат Франција и Англија за место во полуфиналето.

ПретходноМакедонските надежи за првпат ќе бидат дел од „Шпаркасе Купот“!
СледноКожув се раздели со Михајловски, Работнички остана без еден Американец