Скалони: Видете, ние планираме да ја победиме Холандија во регуларниот дел

300

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони изјави дека во моментов не мисли за тоа дека четвртфиналниот меч со Холандија да биде решен по изведување на пенали. Така се случи во полуфиналето на СП 2014, кога по ремито без голови се изведуваа пенали, а Јужноамериканците отидоа во финалето. Често пати натпреварите меѓу овие два ривали завршувале со реми и со малку голови, но целта на Аргентинците сега е да го добијат дуелот во 90 минутна игра.

Момците вежбаат пенали по секоја сесија. Сепак, се надеваме дека нема да дојдеме до пенали и да се пласираме во следната фаза веќе во регуларното време. Пеналите секогаш се одредуваат по 120 минутна игра. Тие не можат да се одредат пред почетокот на натпревар. Ние планираме да победиме во регуларното време. Лесно е да се каже, но потешко е да се направи. Одлуките се носат во моменти кога треба да се донесат.

Холандија е многу избалансиран тим. Сите се бранат и сите напаѓаат. Ова е суштината на модерниот фудбал. Години наназад се веруваше дека четворица или пет играчи можат да нападнат, а останатите се одговорни за одбраната. Не е така денес. Ќе биде пријатен натпревар за гледање. Ако размислувате само за напад, ќе платите за тоа“, изјави Скалони за време на неговата денешна прес-конференција.

ПретходноВан Гал: За Ди Марија сум најлошиот тренер на свет, прашајте го Мемфис, се бакнуваме во уста!
СледноОчај: Со оваа управа на Вардар ЦРНО МУ СЕ ПИШУВА!