Трагедија во Србија: Загина Миодраг Јешиќ

315

Некогашниот играч, а потоа и тренер на ФК Партизан од Белград, Миодраг Јешиќ утринава трагично загина во стравична сообраќајна несреќа.

На магистралниот пат Рума – Јарак во Србија, Јешиќ со својот автомобил удрил во возило кое се движело од спротивен правец и тој на лице место го загубил животот.

Јешиќ покрај Партизан во тренерската кариера ги водеше и Раднички Ниш, ОФК Београд, Алтај, Сфајсиксен, Слација Софија, Литекс, Будуќност Подгорица, Сараево, Ал Араби, Ал Ахли, АлИтихад….

ПретходноМегваер: Ние навистина веруваме дека може да бидеме светски шампиони
СледноБугарски тениски судија фатен како се обложува на натпревари кои ги судел