Фонтеки погоди за победа на Јута, Феникс „демолиран“ од Бостон (ВИДЕО)

67

Кошаркарите на Јута го добија дербито со Голден Стејт во низата натпревари одиграни синоќа во НБА лигата. Јута славеше со 124:123, а јунак на средбата беше Симоне Фонтеки, кој погоди на 1,4 секунди до крајот на средбата и успеа да им донесе победа на „џезерите“. Кларксон со 22 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај екипата на Голден Стејт, Пул постигна 36 поени.

Иако се очекуваше како големо деби, Бостон го прегази Феникс на гостински терен совладувајќи го со 125:98. Гостите одиграа можно прво полувреме во кое направија голема предност, која умешно ја задржаа до самиот крај на средбата. Браун и Тејтум постигнаа по 25 поени и беа предводници на Селтикс до убедливата победа. За Бостон ова беше осмата победа во последните девет натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – ЛА Клиперс – 116:111 (прод.)

Торонто – ЛА Лејкерс – 126:113

Њујорк – Атланта – 113:89

Бруклин – Шарлот – 122:11

Чикаго – Вашингтон – 115:111

Мемфис – Оклахома Сити – 123:102

Њу Орлеанс – Детроит – 104:98

Милвоки – Сакраменто – 126:113

Минесота – Индијана – 121:115

Јута – Голден Стејт – 124:123

ПретходноИвановски елиминиран во 1. коло на ИТФ Фјучерсот во Трнава
СледноМиовски: Подобро да освојам трофеј со Абердин, отколку да бидам најдобар стрелец