Далиќ: И да не го победиме Бразил, останува гордоста – капа доле за момците!

143

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ пред денешната (16 часот) четвртфиналната пресметка со Бразил на Светското првенство рече дека неговите момци веќе постигнале голем резултат во Катар и дека ги очекува одличен натпревар.

„Голем противник, голем натпревар. Би сакал да беше во финале. Одлична репрезентација, агресивен и моќен противник. Ќе се обидеме да се спротивставиме и ќе дадеме се од себе. Мора да бидеме дисциплинирани, да се обидеме да бидеме блиску до играчите. Ако им дадете простор, може да има многу проблеми. Не знаете од каде доаѓа опасноста. Нејмар, Винисиус, Рафиња… Но, кога ја имаме топката, мора да играме и да не се плашиме, бидејќи тоа им е проблем“, рече тој и додаде: 

„Кој и да игра, не му треба друга мотивација. Ајде да уживаме во фудбалот, да направиме уште еден успех, добар резултат. Дури и да не поминеме, гордоста и среќата остануваат, капа додела за момците. Но, ние сакаме да продолжиме и да правиме повеќе“.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Фудбал за гурмани – Модриќ и компанија против Бразил, Меси VS Холандија
СледноПо поразот од Звезда, кошаркарите на Партизан останаа длабоко во ноќта во „Штарк Арена“