Репрезентацијата на Хрватска е полуфиналист на Мундијалот во Катар. Хрватите предмалку на пенали го совладаа Бразил и на тој начин се на прагот да го повторат успехот од пред четири години во Русија, кога стигнаа други до финалето.
Денеска Хрватска одигра навистина херојски, ги издржа сите напади на противникот, кој не беа малку, напротив, беа десетици, а огромна работа заврши голманот Доминик Ливаковиќ кој одбрани ама буквално се, освен неодбранливиот удар на Нејмар при водството на Бразил.
Селекторот Златко Далиќ нормално во екстаза по мечот рече дека овој меч и оваа победа е за цела Хрватска.
„Ова е победа за целиот хрватски народ. Секоја чест на овие момци. Го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска. Никогаш немојде да не потцените, тоа го кажав многупати. Ова не е нашиот крај, нашиот лимит, одиме понатаму. Ова е победа за Хрватска, сите го дадоа својот максимум. Ги поздравувам сите мои пријатели. Уживајте во оваа победа. Хрватски брнители, уживајте, ова беше за вас. Овие мои играчи не се нормални“ – изјави Далиќ.