Дејан Георгиевски со победа стартуваше во Саудиска Арабија

108

Дејан Георгиевски со победа стартуваше на „ФИНАЛЕ ГРАНД ПРИ“ кој се одржува во Саудиска Арабија. Македонската гордот по неколку минути го урна сребрениот медалист од последното Светско првенство, Иван Гарсија Мартинез од Шпанија. Оваа пресметка Дејан ја доби со 2-0 во рунди или 5:2 и 13:0.

Шпанецот е еден од најдобрите таеквондисти во светот, втор е на светската олимписка ранг листа.

Следен противник на Дејан Георгиевски ќе биде носителот број 1, Мартин Соарес од Бразил.

Овој турнир носи слични бодови како Светско првенство за освојување олимписка норма.

ПретходноДемант на демант за Кристијано Роналдо: Од федерацијата сепак лажат!
СледноПрвиот човек на ПСЖ откри каков договор имаат со Меси по завршување на Светското првенство!