Откако вчера во седиштето на УЕФА во Нион беа излвечени групите за следните квалификациски турнири од У19 односно У17 генерациите за следната година, нормално е да биде одреден и домаќинот веднаш потоа.
Иако Македонија многу често е домаќин на овие квалификациски турнири во изминатиот период, сепак, за следната година тоа нема да биде така.
Репрезентацијата до 19. години, во терминот од 11, 14 и 17 октомври ќе го игра квалификацискиот турнир во Полска, заедно со домаќинот, Германија и Казахстан.
Од друга страна пак, репрезентацијата до 17. години, во термините 25, 28 и 31 октомври на Малта ќе се бори за пласман заедно со домаќинот, Шпанија односно Словачка.
И двете генерации имаат силни противници пред себе што секако е мотив повеќе да се одигра најдобро што се може во дресот со националниот грб.