По поразот од Црвена Звезда со тројката на Недовиќ 73-76, кошаркарите на Партизан се чини останаа длабоко во ноќта во „Штарк Арена“. Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ одлучил да го задржи тимот на видео анализа веднаш, не следниот ден, што е пракса кај сите клубови.
Тој пред прес-конференцијата најавил дека деталната анализа ќе ја остави за тимот, а истата била закажана по мечот.
„Здраво луѓе, имаме состанок“, им порача Данило Анѓушиќ на насобраните новинари во просторот пред соблекувалната.
Информацијата дека ќе останат во сала ја потврдил и еден од помошниците на Обрадовиќ тврдејќи дека сите ќе останат, бидејќи тренерот сака да им ги воочи грешките.
Дали Обрадовиќ останал на зборот засега нема потврда.