Белингем поради родителите во јануари ќе се пресели во Ливерпул

149

Родителите на младата англиска ѕвезда, Џуд Белингем сакаат да го видат во Ливерпул, а тој самиот ќе ја извести Борусија Дортмунд дека сака да си замине од тимот по Светското првенство, велат последните информации за играчот од средниот ред.

Според „Билд“, играчот ќе го извести раководството на Борусија Дортмунд дека сака да го напушти клубот по Светското првенство, што значи во јануари 2023 година ќе се пресели во Англија. 19-годишниот играч од средниот ред блескаше во Катар и веќе е на мета на најголемите европски тимови.

Според Дејли Мејл, неговите родители, кои се многу вклучени во преговорите имаат свои преференции за тоа каде треба да игра Џуд, претпочитајќи да го гледаат во Ливерпул. Јирген Клоп долго време го таргетира Белингем за неговиот среден ред, каде што „црвените“ имаат сериозни проблеми. На „Енфилд“ сепак се свесни дека ќе мора да повлечат сериозна сума за играчот од средниот ред, кој според многумина веќе вреди околу 150 милиони евра.

ПретходноРусите ја разменија американската кошаркарка Гринер за дилер со оружје
СледноВардар и без “Комити“ го победи Кожуф и повторно изби на лидерската позиција во ВМФЛ!