Шампионот Вардар 1961 убедливо со 43:18 ја мина првата пречка во елиминацискиот дел од Купот на Македонија. Денеска во првиот меч на програмата, „црвено-црните“ славеа над екипата на Мулти Есенс и обезбедија пласман во групниот дел од куп-натпреварувањето.
Талески постигна 9 гола и беше најефикасен на денешниот дуел во Скопје. Вчера во првиот меч од елиминациите, ракометарите на Бутел немаа проблеми на гостувањето кај Јехона совладувајќи ја со 53:30.