Вардар и без “Комити“ го победи Кожуф и повторно изби на лидерската позиција во ВМФЛ!

833

Во првиот меч од 15.коло во Втората лига, денеска на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар со 2:0 успеа да го победи Кожуф и да освои три бода со што најмалку до утре ќе биде лидер на табелата. Едноставно фаворитот во целост ја оправда улогата.

Вардар иако без помошта на своите фанови “Комити“ кои го остварија бојкотот поради денешниот термин на одигрување на мечот, одигра добро и заслужено го победи тимот од Гевгелија. Домашните поведоа со голот на Дарко Мицевски во 20.минута, додека за 2:0 стрелаше Кире Маркоски во 60.минута. Да кажеме дека вардарци во 50.минута останаа со играч помалку откако Христов доби црвен картон.

Рековме веќе во поголемиот дел од мечот Вардар беше подобар, а Кожуф во финишот се обиде да се наметне, во тоа му помогна и домашниот состав кој свесно се повлече, да дојде до гол. Имаше и шанса и тоа преку Кудијан во 77.минута, но Гачевски одлично одбрани.

Ова беше последен меч во есенската полусезона и за двете екипи, но и последен во оваа 2022 година.

Инаку останатите мечеви од 15.коло во ВМФЛ се играат утре со почеток од 13 часот со што се става крај на оваа есенска полусезона.

ПретходноБелингем поради родителите во јануари ќе се пресели во Ливерпул
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА ФК БАШКИМИ 1947 КУМАНОВО