Демант на демант за Кристијано Роналдо: Од федерацијата сепак лажат!

573

Иако Фудбалскиот сојуз на Португалија преку соопштение демантираше дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата на Португалија, сега медиумите во таа земја објавија дека тоа не е вистина, односно дека Роналдо сепак го направил тоа.

„Португалската фудбалска федерација ја демантираше веста дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Светското првенство кога дознал дека нема да биде во стартниот тим против Швајцарија“, се вели во текстот на Рекорд и се додава:

„Ја потврдуваме информацијата објавена денеска од повеќе извори. Разговорот помеѓу Фернандо Сантош и Кристијано Роналдо вечерта пред мечот со Швајцарија бил многу бурен, а селекторот му дозволил да си замине. Разговорот продолжил, но играчот се повлекол, сфаќајќи дека сега не е најдобро време за таков голем раскол“.

Португалија утре од 16 часот ќе се сретне со Мароко во четвртфиналето на Мундијалот, а јасно е дека вакво нешто не им требаше во моментите кога се во одлична форма и кога се на пат до титулата светски шампион.

ПретходноНајлудиот меч оваа сезона: Денвер на Јокиќ славеше со тројка во последната секунда (ВИДЕО)
СледноДејан Георгиевски со победа стартуваше во Саудиска Арабија