Дејан Георгиевски е во полуфиналето во Ријад

91

Дејан Георгиевски ја извојува и втората победа на Светското таеквонодo Гранд при финале во Ријад, Саудиска Арабија, победувајќи го Бразилецот Икаро Мигуел Соареш со 2-0 (9-5, 6-0). Откако денеска веќе извојува една победа во почетната фаза на турнирот, сега еве се пласира и во самата завршница со втората едноподруго победа.

Со овој триумф Георгиевски се пласира во полуфиналето во категоријата над 80 килограми.

Во првата борба го совлада еден од најдобрите светски натпреварувачи Иван Грасија Мартинез од Шпанија 2-0. Мартинез го освои сребрениот медал на неодамна завршеното Светско првенство во Гвадалахара, Мексико.

ПретходноМакедонија У19 во Полска, У17 ќе го игра турнирот на Малта
СледноОдржан регионален состанок за клупско лиценцирање