Македонија У19 во Полска, У17 ќе го игра турнирот на Малта

198

Откако вчера во седиштето на УЕФА во Нион беа излвечени групите за следните квалификациски турнири од У19 односно У17 генерациите за следната година, нормално е да биде одреден и домаќинот веднаш потоа.

Иако Македонија многу често е домаќин на овие квалификациски турнири во изминатиот период, сепак, за следната година тоа нема да биде така.

Репрезентацијата до 19. години, во терминот од 11, 14 и 17 октомври ќе го игра квалификацискиот турнир во Полска, заедно со домаќинот, Германија и Казахстан.

Од друга страна пак, репрезентацијата до 17. години, во термините 25, 28 и 31 октомври на Малта ќе се бори за пласман заедно со домаќинот, Шпанија односно Словачка.

И двете генерации имаат силни противници пред себе што секако е мотив повеќе да се одигра најдобро што се може во дресот со националниот грб.

 

ПретходноСантош веќе одлучил: Роналдо на клупа и против Мароко
СледноДејан Георгиевски е во полуфиналето во Ријад