Нестварно: Легендарниот Миура на 55 години ќе потпише за португалскиот тим Оливаренсе!

220

Фудбалот понекогаш знае да изнедри убави приказни. Па така и оваа која ни доаѓа од Јапонија. Имено иконата на јапонскиот фудбал, легендарниот Казу Миура на 55 години ќе потпише договор со тимот на Оливаренсе, тим од Втората лига во Португалија. Интересно е тоа што ниту еден од играчите на Оливаренсе не бил роден кога Миура пред 36 години ја започнал својата фудбалска кариера.

Инаку Миура покрај репрезентацијата на Јапонија, 89 настапи и 55 голови, играл и за Сантос, Динамо Загреб, Џенова, и уште многу други клубови во Јапонија, Австралија, Ј.Америка…

ПретходноПо поразот од Звезда, кошаркарите на Партизан останаа длабоко во ноќта во „Штарк Арена“
СледноСантош вели дека ги познава Мароканците од грчките клубови, а таму всушност не игра ниту еден од нив!?