Од шок во шок во Бразил. Прво испаднаа од Хрватска, потоа оставка си даде селекторот Тите за да по мечот и поразот од “коцкестите“ славниот Нејмар изјави дека веројатно ја завршил својата репрезентативна кариера.
„Не гарантирам дека ќе се вратам во селекцијата на Бразил. Морам малку да размислам што е добро за мене и за репрезентацијата. Можеби никогаш веќе нема да играм за Бразил“ рече Нејмар кој денеска постигна гол бр.77 со што се израмни со Пеле на листата на стрелците во селекцијата на Бразил.