Уф, какви драматични 120 минути плус пенали, и на крај еуфорија за Аргентина. Холандија беше изгубена во преводот до таа 84.минута кога губеше со 0:2, но сепак Вегхорст ја врати во игра својата селекција со два гола, вториот во 101.минута.
Пеналите беа среќни за “гаучосите“ и заслужено одат натаму а таму во полуфиналето ги чека Хрватска.
Ова значи дека сонот на Меси сеуште трае, тоа значи дека Меси има уште шанса да дојде до титулата.
Генијалецот е на добар пат да го стигне Марадона, да докаже дека е со право во друштво со Пеле и со Диего.
Остануваат уште два меча за генијалецот Лео…