Легендарниот Пеле повеќе од една недела се лекува во болница поради, инфекција на белите дробови отежната од Ковид-19, тврди неговото семејство. Бразилските медиуми објавија дека Пеле бил префрлен на палијативна нега бидејќи неговото тело престанало да реагира на хемотерапијата што ја користел за борба против ракот, но неговите ќерки го негираа тоа. Минатата година му беше отстранет тумор на цревата.
Од болницата Пеле се огласи на Твитер, поточно му одговори на Килијан Мбапе, кој пред пет дена пиша: „Молете се за кралот“.
Пеле на ова му одговори: „Ти благодарам, ќе ми биде мило да те видам да собориш уште еден мој рекорд на ова првенство, пријателе“.
Thank you, @KMbappe. I’m happy to see you breaking another one of my records in this Cup, my friend! ❤️🙏🏾
— Pelé (@Pele) December 8, 2022