Во драматичен меч, во епски меч, во второто 1/4 финале на Мундијалот, кое се играше во Лусаил пред 88.900 гледачи, Аргентина ја победи Холандија по пенал – рулетот и со тоа си закажа полуфинале со Хрватска. Лаутаро го реализраше решачкиот пенал, а голманот Мартинез одбрани два пенали за 4:3 по пеналите.
По тие 90. и 120 минути резултатот беше 2:2.
А се беше добро за Аргентина до самиот финиш на мечот. Прво Лео Меси со генијална асистенција во 35.минута кога Молина стрелаше за 1:0, а потоа и со гол од пенал во 73.минута и донесе на својата селекција водство од 2:0. Овој гол на Меси беше десетти на Мундијалите со што се израмни со Батистута на врвот на листата на стрелците.
Холандија во 84.минута преку Вегхорст успеа да намали на 2:1 со што финишот го направи интересен.
Бергхаус неколку минути подоцна имаше голема шанса, но немаше гол.
Во 90.минута Паредес направи глупост, ја шутна топката кон клупата на Холандија по што дојде до мало кошкање. Сепак се се зазаврши само со жолти картони.
Шпанскиот судија Лахоз покажа дека 10 минути ќе има продолжение.
И тогаш во таа 101.минута Вегхорст постигна уште еден гол за 2:2, па се отиде во продолженија.
Таму Лаутаро имаше две шанси, имаше и Меси шанса, Фернандез ја погоди и стативата но немаше гол па се отиде на изведување на пеналите.
Рековме веќе, во пенал – серијата подобра беше Аргентина и успеа да триумфира во овој навистина драматичен меч.
Сега на ред е Хрватска во полуфиналето на СП во Катар, меч кој се игра во вторник.