Пролет, Вардар Неготино и Тиквеш заверија пласман во 1/8 финалето во Купот

96

По Бутел Скопје и Вардар 1961 во следната фаза во Купот на Македонија место обезбедија, Тиквеш, Вардар Неготино и Пролет.

Пролет наиде на силен отпор против Аеродром, можеби го потцени, па мораше добро да се испоти за да дојде до победа од 33-36. Аеродром водеше во првиот дел од 9-6 и 10-7, на одморот предноста беше 19-17. Во продолжение Пролет дури на средината на вториот дел го урна отпорот на противникот со серија од 5-0 поведе со 22-25. Пред самиот крај домаќинот дојде на 32-33, но немаше сили за целосен пресврт. Анакиевски со 10 гола беше прв стрелец кај Аеродром, на другата страна Џонов запиша седум.

Вардар Неготино имаше чесна задача против Партизан, го совлада со 40-16. Тиквеш пак лесно ја реши својата задача против Кичево беше подобар со 46-20.

ПретходноЛудо славје во Загреб: Хрватска е горда на своите херои! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Магија на Меси, Молина тресе, Аргентина во транс! (ВИДЕО)