Работнички и Јанта Волеј со ист скор пред големото градско дерби

100
Вицешампионот Јанта волеј Кисела вода и натаму се рамо до рамо со шампионот Работнички на врвот на табелата во домашното одбојкарско првенство за жени. Во пресрет на меѓусебното дерби на две кола до крајот на есенскиот дел, двете екипи имаат по 11 победи, а поуспешната во наредниот натпревар најверојатно ќе влезе во Втората фаза-1 напролет со предност од еден триумф.
Јанта волеј очекувано во рамките на 12. коло го совлада Вардар ЕМ во три сета, а со идентичен резултат Струмица се радуваше во локалната пресметка со Македонија Макс.Претходно Работнички беше поуспешен од Наковски волеј со 3-1.
Прва лига (жени)
12. коло
Работнички Скопје – Наковски волеј 3:1 (25:23, 27:29, 25:14, 25:18)
Јанта волеј – Вардар ЕМ 3:0 (25:15, 25:17, 25:15)
Струмица жени – Македонија Макс 3:0 (25:11, 25:18, 25:13)
Вардар жени – Фит фан волеј 3:0 (25:12, 25:17, 25:11)
Табела: Работнички Скопје 11-1, Јанта волеј КВ 11-1, Наковски волеј 8-4, Фит фан волеј 7-5, Сттрумица жени 4-8, Вардар ЕМ 4-8, Вардар жени 3-9, Македонија Макс 0-12.
ПретходноСантош вели дека ги познава Мароканците од грчките клубови, а таму всушност не игра ниту еден од нив!?
СледноВардар без проблеми го мина првото коло во Купот