Американските и руските власти ја реализираа размената на американската кошаркарка Бритни Гринер и Русинот Виктор Бут на аеродромот во Абу Даби.
Вчера Грајнер, која во Русија беше осудена на девет години под обвинение за шверц на дрога, беше ослободена од притвор како дел од договорената размена на затвореници со Виктор Бут, кој отслужуваше 25-годишна затворска казна во САД за трговија со оружје. Тој беше уапсен во Тајланд во 2008 година, а потоа екстрадиран во САД.
Гринер беше уапсена на московскиот аеродром во февруари 2022 година. Во август таа беше осудена на девет години и беше префрлена од истражниот затвор во близина на Москва.
Watch the moment US basketball star Brittney Griner was freed in a prisoner swap with notorious Russian arms dealer Viktor Bout. pic.twitter.com/87V8NXpUQ5
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 9, 2022