Ужасни вести денеска доаѓаат од Бугарија, од Пловдив. Во тешка сообраќајна несреќа денеска во околината на тој град загина таткото на нашиот младински репрезентативец и мега – талентот на Шкендија, Дашмир Елези.
Навистина страшни вести за сите во семејството на нашиот млад фудбалер.
Инаку како што јавуваат медиумите во Бугарија, до несреќата дошло кога БМВ во кое бил таткото на фудбалерот, Скендер Елези, се судрил директно со камион од спротивниот правец.
Трагедија, уште повеќе ако се знае дека загинатиот Скендер Елези денеска полнел 40 години.
Инаку таткото на Елези и уште едно лице прво го однеле Дашмир во бања каде што тој се сместил, за да потоа на враќање кон Македонија се случила страшната несреќа.
„Спортмедиа“ му изразува сочуство на Дашмир Елези и неговите најблиски.
Нешто слично пред еден месец се случи и во Хрватска кога таткото на Марко Ливаја, кој сега игра на СП во Катар, трагично загина во сообраќајна несреќа додека фудбалерот на сплитски Хајдук беше во карантин заедно со своите соиграчи пред мечот со Осијек.
ФОТО: Plovdiv24.bg