Хрватска гори, падна Бразил, трето „коцкасто“ мундијалско полуфинале(ВИДЕО)

229

Репрезентацијата на Хрватска по трет пат во својата историја ќе игра во полуфиналето на еден Мундијал. По она во Франција односно Русија, Хрватска одново се најде меѓу најдобрите четири репрезентации на светот, откако предмалку по подоброто изведување на пеналите го совлада Бразил. Регуларните деведесет минути завршија без голови 0:0, а потоа Нејмар во последните секунди од првото продолжение погоди за водство на „Кариоките“.

Следуваше тотална промена на тактиката и формацијата на Хрватска која тргна на се или ништо и тоа се исплатеше. Асистенција на Оршиќ, реализација на Бруно Петковиќ за изедначување на 1:1 на само три минути до крајот на второто продолжение. А потоа се знае.

„Специјалката“ на Хрватска која што стигнува до огромни успеси преку пеналите на Мундијалите. Така ја минаа Јапонија, така и Бразил. На сцена стапи неповторливиот во моментов Доминик Ливаковиќ кој и во регуларниот дел имаше десетина интервенции, а овојпат сигурен уште на стартот. Го брани пеналот на Родриго, а во серија за хрватите погодија Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ. Капитулацијата на Бразил ја потпиша Маркињос кој го погоди дирекот, за пласман на Хрватска во полуфиналето.

ПретходноХрватска – Бразил 1:1: Победникот ќе се дознае по пенал – серијата!
СледноДалиќ: Овие момци не се нормални….