Не можеше подраматично: Сеуште трае сонот на Меси, сега на ред е Хрватска!

131

Уф, какви драматични 120 минути плус пенали, и на крај еуфорија за Аргентина. Холандија беше изгубена во преводот до таа 84.минута кога губеше со 0:2, но сепак Вегхорст ја врати во игра својата селекција со два гола, вториот во 101.минута.

Пеналите беа среќни за “гаучосите“ и заслужено одат натаму а таму во полуфиналето ги чека Хрватска.

Ова значи дека сонот на Меси сеуште трае, тоа значи дека Меси има уште шанса да дојде до титулата.

Генијалецот е на добар пат да го стигне Марадона, да докаже дека е со право во друштво со Пеле и со Диего.

Остануваат уште два меча за генијалецот Лео…

ПретходноПо драмата во Лусаил: Меси и Аргентина преку пенал – рулетот во полуфинале! (ВИДЕО)
СледноНејмар: Можеби никогаш веќе нема да играм за Бразил!