Пеле од болница со порака до Килијан Мбапе!

399

Легендарниот Пеле повеќе од една недела се лекува во болница поради, инфекција на белите дробови отежната од Ковид-19, тврди неговото семејство. Бразилските медиуми објавија дека Пеле бил префрлен на палијативна нега бидејќи неговото тело престанало да реагира на хемотерапијата што ја користел за борба против ракот, но неговите ќерки го негираа тоа. Минатата година му беше отстранет тумор на цревата.

Од болницата Пеле се огласи на Твитер, поточно му одговори на Килијан Мбапе, кој пред пет дена пиша: „Молете се за кралот“.

Пеле на ова му одговори: „Ти благодарам, ќе ми биде мило да те видам да собориш уште еден мој рекорд на ова првенство, пријателе“.

ПретходноВидео кое јасно покажува колку на Меси му значи овој Мундијал! (ВИДЕО)
СледноНајлудиот меч оваа сезона: Денвер на Јокиќ славеше со тројка во последната секунда (ВИДЕО)