Сантош вели дека ги познава Мароканците од грчките клубови, а таму всушност не игра ниту еден од нив!?

279

Селекторот на Португалија, фернандо Сантош, се најде на мета на португалските медиуми откако даде една контроверзна изјава пред утрешниот четвртфинален меч со Мароко на СП. Сантош пред новинарите изјави дека добро ја познава селекцијата на Мароко, особено поради голем дел од фудбалерите кои играат или порано играле во грчките клубови, каде и тој работеше со години.

„Прилично добро ја познавам репрезентацијата на Мароко. Многу добро се сеќавам на нивниот настап во 2018 година, со висока конкурентна стапка. Имав можност да гледам еден или два натпревари, не со толку внимание, но денес ќе посветиме многу повеќе внимание на нивните настапи. Познавам многу од овие играчи, не само затоа што некои играат во Грција за клубови кои добро ги познавам и за кои имам информации“, вели Сантош.

Сепак, реалноста е дека ниту еден од 26-те фудбалери во составот на Валид Реграги не игра во Грција. Исто така, само еден од нив имал краток престој во грчкиот фудбал, но тоа беше многу кратко. Атијат-Алах, резервниот лев бек за националниот тим, одигра осум меча во периодот од август до ноември 2019 година за Волос и постигна еден гол. Оттука португалските новинари си поставуваат прашање на кои играчи мисли Сантош?

ПретходноНестварно: Легендарниот Миура на 55 години ќе потпише за португалскиот тим Оливаренсе!
СледноРаботнички и Јанта Волеј со ист скор пред големото градско дерби